Младо кравјо сирење плус ленено масло

Истражувањата на германската биохемичарка д-р Јохана Бадвиг покажале дека канцерогените клетки и воопшто во крвта на заболениот човек од канцер има недостиг од некои есенцијални елементи, како фосфатиди и липопротеини. Без овие состојки, клетката на ракот се однесува диво, расте и се размножува без контрола. Според д-р Будвиг, токму недостатокот на некои работи се фатални и затоа се стига до смрт.
Нејзиниот рецепт против рак, вклучува сирење / урда и ленено масло.
Рецептот е доста едноставен: 125 грама младо кравјо сирење се мешаат со миксер со три супени лажици ленено масло, сѐ додека не се добие маса во која нема да се препознава маслото. Тоа се консумира двапати дневно. Кај голем број пациенти е потребно време на приспособување, бидејќи можно е маслото да предизвика одредени стомачни непријатности. Најдобро е ако се почне со една супена лажица, па како што организмот ќе се привикнува така да се зголемува дозата додека се стигне до три лажици.
Овој рецепт може да се користи како превентива и евентуално кај болните во ран стадиум. Д-р Бадвиг не го претпочита паралелното користење на традиционалната терапија, но постојат сведоштва на луѓе што се излечиле истовремено користејќи хемотерапија и основниот Бадвигов рецепт.
-Ако се консумира мешавина од урда или сирење и ленено масло, ќе почуствувате едно успешно лекување на ракот. На овој начин се набавуваат липопротеини и фосфатиди кои се од витално значење во присуство на болеста. Ако ги има во организмот, туморот не може да се зголемува, туку напротив – ги стеснува, вели д-р Будвиг.
Помеѓу три и шест месеци им биле потребни на пациентите на д-р Јоана Будвиг да се чувствуваат подобро. Тие пиеле секој ден од оваа смеса и така нивниот имунолошки систем се засилувал постојано. Енергијата која се стекнува од комбинацијата помеѓу урда / сирење и ленено масло, успеала да го намали туморот до негово целосно исчезнување.
Продолжува на страна 3


















