Зошто Јапонците ја обожаваат црешата?

141

Според јапонската легенда, кога богот на планините предложил неговиот внук Нинги, богот на сонцето, да се ожени со една од неговите ќерки, ветил дека ќе ги благослови со пород вечен и цврст како камен, доколку ја земе постарата ќерка.

Но, ако се реши за помладата, тогаш животот на нивните деца ќе биде прекрасен, но краток, како цветот на црешата сакура. Нинги се решил да се ожени со помладата ќерка.

Но, ова е само легенда, а вистината е вткаена во неа. Јапонците секоја година уживаат во глетката на цветањето на сакурата, размислувајќи дека она што е убаво е со рок на траење, а животот е прекраток за да можеме да ги доживееме сите убавини на светот.

Тие не ги одгледуваат овие цреши поради плодовите, туку поради цветот. Постојат 16 видови сакура во светот, а девет од нив потекнуваат од Јапонија.