Рузмаринот го подобрува здравјето

1172

Чајот од рузмарин може да се користи за подобрување на здравјето на целокупниот организам, вкучително и здравјето на мозокот, срцето и црниот дроб.

Чајот од рузмарин можете да го направите од сува билка: се прелива со врела вода, се остава да отстои 3-5 минути, па се процедува. Богат извор е на витамините А, Б, Ц, Д, Е и К.

Овој ароматичен напиток има моќно антиоксидативно, противвоспалително, антибактериско и антисептично делување, што го прави одличен во превенција од разни болести и одржување на целокупното здравје на организмот.

Ја подобрува дигестијата

Консумирањето на чај од рузмарин после обилен оброк помага во опуштањето на мускулите од дигестивниот тракт. Научниците утврдиле дека чајот од рузмарин е одличен за намалување на подуеноста на стомакот, за ублажување на гасови и грчеви.

Го подобрува памтењето

Рузмаринот ја подобрува функцијата на мозокот, има одлично делување врз памтењето и концентрацијата. Истражувањата покажале дека со секојдневна консумација на чај од рузмарин памтењето и концентрацијата се зголемуваат за дури 30% во период од 3 месеци.

Спречува појава на рак

Чајот од рузмарин има антиканцерогено и антиоксидативно делување. Го намалува нивото на слободните радикали во телото и со тоа го спречува растот и развојот на канцерогените клетки. Исто така може да го успори ширењето на канцерогените клетки.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.