Алармот ѕвони со мелодија која веќе буквално ја мразите, бидејќи знаете дека е време да станете од топлиот кревет и да го започнете денот.
Почнувате да се вртите и при отварањето на очите гледате дека надвор не само што е мрачно, но е и студено.
Се истегнувањете и излегувате од топлата покривка и веднаш се враќате назад, бидејќи, Боже, колку е ладно.
Не е дури ни ладно … температурата е мраз. Во овој момент напорот да се облечете ви изгледа неостварлив, а дури и не станува збор да размислувате како точно да комбинирате облека.
Сите сме минувале низ овие тешки и болни периоди и од оваа причина, ги собравме на едно место сите проблеми кои жената ги има со облекувањето во зимските денови.
1. Исклучително тешко е да станете од кревет. Навистина! Имате чувство дека нема сила на светот, која ќе ве натера да си ја причините оваа благо речено физичка неудобност.
2. Секако, времето е многу постудено отколку што беше најавено во прогнозата. Имаме чувство дека понекогаш синоптичарите си ги измислуваат температурите, бидејќи им е непријатно да споделат колку всушност ниски се тие.
3. Поминувате неразумно многу време под туш. Тоа е и местото на кое имате можност да си спомните за топлите летни денови, во кои носевте кратки панталони и маичка.
4. И доаѓа време да се облечеме. Топла облека. Имаме потреба од топла облека …за секунда.
5. Единствено што сакате да облечете, е пижами. За моменти размислуваме точно колку чудно ќе е ако едноставно се појавиме во канцеларија со тоа со што спиеме.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















