Кариес кај децата, причини и совети како да ги препознаеме симптомите

233

Што е кариес?

Кариесот кај децата е многу честа појава бидејќи забната глеѓ на млечните заби е поделикатна од онаа кај возрасните. Бактериите присутни во усната празнина кај детето се акумулираат на природен начин, создавајќи леплива супстанца таканаречена плак. Плакот се напластува на забите додека вашето дете се храни а бактериите присутни во истиот создаваат кисела средина која е одговорна за ерозија на забната глеѓ која доведува до кариес.

Симптоми

Ова се некои од симптомите:

  • осетливи непца и заби
  • болка
  • постојан непријатен здив
  • светла или темна точкаста формација на забите

Како да се спречи кариесот?

Покрај редовните стоматолошки контроли кои се на прво место, најдобар начин е воедно да се одржува одлична орална хигиена како и здрава исхрана. Бактериите кои се присутни во самиот плак се хранат со шеќери, скробна храна и газирани пијалоци, кои треба да се лимитираат на дневно ниво кај децата. Важно е исто така да се вклучи храна, нутритивно богата како што е овошјето и зеленчукот, кои помагаат во минерализација на саливата кај детето. Овој процес помага во спречување на оштетувањето кое може да го предизвика плакот.

Како да се лечи и превенира кариесот?

Коректна орална хигиена е основна секојдневна навика која треба да ја стекне вашето дете. Во спротивно, млечните заби влијаат на развојот на перманентните, на начин на кој бактериите кои се развиваат во овој период може да се пренесат на забите кои подоцна ќе се формираат. Поради ова е потребно е да за започне со миење на забите уште со појава на првото запче. Подоцна кога ќе може и самото дете да одржува орална хигиена, препорачано е до седмата година да биде под родителски надзор.

Осигурајте се секогаш дека вашето дете:

  • пие многу вода после секој оброк
  • ги мие забите два пати дневно најмалку 2 минути
  • добро да се мијат забите со четка адаптабилна соодветно на возраста, која треба да се менува на секои два до три месеца.
  • да се употребува соодветна паста

AZETAbio пастите се линија на органски пасти кои помагаат да се спречи кариесот уште во најрана возраст. Во последните истражувања како резултат на присуството на Xylitol кој е некариогена супстанца има позитивни резултати во превенирање на оваа појава кај децата, на тој начин што го спречува влијанието на Streptoccocus mutans, бактерија која е одговорна за опаѓање на забите. Присуството на Алое дополнително допринесува за смирување на чуствителните непца кај децата.

Безбедни и сигурни за деца од  0+ со најразлични овошни вкусови. Без парабени, без СЛС (Содиум Лаурил Сулфат) и доколку се проголтаат нема никаква опасност.

Д-р. Генчовска-Доленц Ана
Доктор на стоматологија

Заклучок

И покрај сите горе наведени средства и методи, најважна е посетата на стоматолог барем еднаш годишно! Децата првиот стоматолошки преглед  треба да го направат до третата година. На тој начин може навремено да се дијагностицира било каква промена, како и да се делува брзо и ефикасно. Секако не смее да се изостави и секојдневното одржување на оралната хигиена.