Возрасен дедо го зголемува ризикот од раѓање на дете со аутизам

1817

Мажи кои станале татковци на подоцнежната возраст, ризикуваат да имаат внуци аутисти. Деца аутисти има ризик да родат жени кои биле малтретирани во детството. Ова станува јасно од истражувањето спроведено за прв пат од британски и шведски научници.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека ризикот внуците да се аутисти се зголемува колку постар бил дедото, во моментот на раѓање на нивните родители.

Мажи кои биле на 50 години кога се родила нивната ќерка ја зголемуваат со 1,79 пати ризикот таа да роди дете болно од аутизам, во однос на мажи кои станале татковци на 20 – 24 години. Кога маж на 50 години ќе добие син, ризикот да има дете аутист се зголемува за 1,67 пати.

„За прв пат во психијатријата, ние покажуваме дека одлуки на вашиот дедо може да ни влијаат”, вели д-р Ави Раихенберг од „Кинг“ со Колеџот во Лондон, кој е коавтор на студијата. Тој сепак ги смирува луѓето дека не треба да немаат деца, ако е возрасен нивниот татко, бидејќи иако има ризик, тој сепак не е голем. Уште поважно, што ова истражување покажува, според него, е комплексноста на причините за аутизам.

Друго истражување покажува дека дури и „умерено” малтретирање во детството, го зголемува ризикот кај жените со 60% да имаат деца аутисти. Истражувањето е спроведено врз 50 000 жени во САД. Научниците сметаат дека физичкото и психичко малтретирање се поврзани со здравствени проблеми како дебелината, прекумерна анксиозност и депресија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.