Хидротерапија | Vincenc Priessnitz

185

Хидротерапијата била применувана во стариот Свет – Египет, Грција и Рим. Во 19 век ја возобновил Vincenc Priessnitz кој се смета за основоположник на хидротерапијата.

Шкотското туширање се препорачува:

  • За релаксација
  • За отпорност на телото
  • За ослободување од стрес
  • Хронични заболувања
  • Анемија
  • Ишијас
  • Во период на опоравување

Тоа е силен млаз од туш, со наизмечно топла/студена вода:

  • Топла вода – 15-20 сек.
  • Студена вода – 15-20 сек.
  • Без престанок, 5-7 пати, 2-3 пати дневно.
  • Се започнува од десното стапало, а млазот треба да се движи нагоре до стомакот. Се враќа назад до стапалото.
  • Се пренесува млазот на левото стапало, па се повторува исто како за десното. (Од левата страна на струкот, дијагонално се движи млазот нагоре кон десното раме, па надолу до коренот на дланката.)
  • Од десната дланка дланката, се враќа млазот до рамето, па се движи неколку пати надолу/нагоре до папокот и назад, низ целото торзо.
  • Кога ќе се стигне до левото раме, млазот се движи до левата дланка и назад.

  • Од левото раме, млазот се движи хоризонтално кон десно, и постепено со лево/десно движења се спушта надолу до почетокот на десниот бут од ногата.
  • Млазот се спушта до десното стапало, па се менува водата од топла кон студена, и се повторува постапката.
  • Оваа хидротерапија се применува во многу спа-центри насекаде низ светот.