Научно истражување | Витаминот Д може да заштити од рак

1922

Најновата студија упатува на врската помеѓу внесот на тој витамин и на развојот на болеста.

Витаминот Д штити од некои видови на рак, покажало новото истражување, иако научниците се поделени околу корисноста на додатоците во исхраната со тој витамин, пишува Гардијан.

Витаминот Д игра важна улога во нашето тело, а особено е важен за зачувување на здравата состојба на коските и мускулите и спречување на болести како што е рахитисот.

Телото го произведува откако сончевите зраци ќе ја осветлат нашата кожа, а може да се најде и во некои прехранбени производи, како што се јајца и риба, но може да се земе и како додаток во исхраната.

Во новото истражување, јапонските научници успеале да ја докажат поврзаноста на витаминот Д и помалиот ризик од рак, особено ракот на црниот дроб.

“Ние веруваме дека витаминот Д има слаб, но значаен ефект на многу видови на рак”, изјави Taiki Yamaji, ко-автор на студијата од Националниот центар за рак во Токио.

Не е првпат да се покаже дека луѓето со ниско ниво на витамин Д имаат зголемен ризик од рак, но зошто е тоа така до денес не е сосема јасно.

Во најновото истражување објавено во списанието BJM, научниците забележале биолошки активна форма на витамин Д во примероците на крвта кај повеќе од 30.000 средовечни луѓе. Истражувањето траело повеќе од 16 години.

Научниците се фокусирале на податоците на 3.301 пациенти кои во тој период заболеле од рак и на податоците на 4.044 случајно избрани учесници, меѓу кои 450 имале рак.

Откако биле земени во предвид факторите како што се возраста, полот, статусот на пушењето и историјата на рак во семејството, како и сезонските промени во достапноста на витаминот Д, тимот на научници откриле дека зголемените нивоа на тој витамин е поврзан со намален ризик од развојот на ракот.

Продолжува на страна 2