На свадба сте? Е тогаш не се облекувајте вака …

291

Кога сте гости на нечија свадба, треба да изгледате убаво и пристојно, но постојат и неколку непишани дрес-код правила.

Пред сè, не заборавајте дека вие не сте главната ѕвезда на таа свадба и немате задача да ги оставате сите без зборови. Треба да бидете облечени женствено и елегантно, а отстапки од ова правило има доколку младенците одредат тема на свадбата или имате значајна улога на истата.

Затоа, запаметете ги овие правила:

1. Не носете бел фустан, од очигледни причини. Бели модни додатоци се дозволени.

2. Прекусо здолниште и предлабоко деколте се невкусни. Бидете пристојни.

3. Заборавете и на гламурозните тоалети, ова сепак не е ваш ден.

4. Деколте без градник е непристојно пред останатите гости, а и вашите гради не треба да бидат во фокусот на фотографиите.

5. Проѕирни фустани, поради очигледни причини.

6. Фармерки, како ниту здолништа или фустани од џинс.