
Научниците објавиле дека тие не ја забележале разликата во ефектот кој витаминот Д го има во однос на полот на лицето.
Што се однесува до видот на ракот, истражувачите велат дека група на испитаници со внес на највисока доза на витамин Д имале 50 проценти помал ризик од развој на рак на црниот дроб.
Малку послаб ефект е забележан и кај ракот на дојката, додека за други видови на рак како што се ракот на белите дробови, ракот на дебелото црево и ракот на простата не е воспоставена директна врска со внесувањето на витаминот Д.
Научниците напоменуваат дека студијата можеби има недостатоци со оглед на тоа дека нивото на внес на витаминот Д биле мерени во фаза кога испитаниците можеби биле повнимателни кон своето здравје, па бројот на заболени од рак бил малку понизок.
Sophia Lowes од Центарот за истражување на ракот во Велика Британија вели дека иако студијата укажува на поврзаноста на внесот на витаминот Д и заболувањето од рак кај азиското население, тие наоди можеби не биле целосно применливи за општата популација.
Lowes додава и дека не е сосема јасно дали витаминот Д има директно влијание врз развојот на ракот или неговиот дефицит укажува на генерално послаба здравствена состојба.
‘Умерено уживање во сонцето во текот на летните месеци, со соодветна заштита на кожата, ги снабдува луѓето со сосема доволна количина на витамин Д”, изјави Lowes.
Julia Newton Bishop, професор по дерматологија од Универзитетот Leeds вели дека новите сознанија во согласност со претходните истражувања докажале дека витаминот Д всушност навистина заштитува од рак. Исто така, нагласува дека оваа нова студија се совпаѓа со претходно издадената препорака за земање на 10 микрограми витамин Д секој ден бидејќи цела година нема сонце во иста мерка.
Newton Bishop, исто така, рече дека студијата покажала дека витаминот Д има одреден ефект, но уште поважно е да се внимава на нивото на витаминот Д да не биде премногу ниско, туку да се настојува нивото на тој витамин во голема мерка да се зголеми.


















