10 совети како да ги мотивираме децата за учење

4228

Реалност наспроти перфекционизам

  • Децата кои имаат впечаток дека никогаш не се доволно добри, дека 4ка е лоша оценка и “Зошто не доби 5, толку блиску беше?” ќе завршат или како перфекционисти или целосно ќе ја изгубат мотивацијата за учење и работа , бидејќи “и онака нема да бидат доволно добри.” Иако се перфекционисти и честопати успешни во училиште, тоа не е добар избор, бидејќи никогаш не се задоволни со својот успех -никогаш не им е совршено и перфекционизмот е карактеристика која често води подоцна во во животот до депресија.

Помош е кога на детето ќе му дадеме алатки кои можат да му помогнат

  • Детето треба да научи како да ги решава проблемите, како да анализира, како да извлекува заклучоци, што бара повеќе време од едноставно давање конечни решенија. Но, тоа е начин како детето ќе научи само да ги решава своите домашни задачи и да научи како темелно да учи. Тоа ќе научи дека учењето е процес, во кој може да почувствува интерес, љубопитност, задоволство во откривањето на непознатото и успехот. Сето ова, детето го губи ако му се даваат готови решенија. Успех веќе не е на детето, туку на родителот, а на детето му остануваат само фрустрации и чувство на неспособност. Сето она што го прави, губи на значењето и влегува во категоријата на здодевни работи кои не ги сака или не ги разбира. Кога родителите му помагаат на детето, важно е да знаат за кого го прават тоа. Често помошта е сведена на демонстрација на родителско знаење или на дуел помеѓу двајцата родители – кој е во право и чии начини на решавање се точни. Тогаш детето се чувствува исклучено и ќе избегнува да побара помош во наредните ситуации, тогаш кога таа ќе му биде потребна. Многу е подобро кога родителот ќе му се приближи на детето како партнер во решавањето на проблемот, кога на детето му поставува прашања кои ќе му помогнат да најде решение, кога ќе му понуди начини на кои детето може да истражува и кога му укажува на значајни точки во кои тоа може да согледа каде лежи решението или грешката која му се провлече.

Примерот вреди повеќе од зборови

  • Децата кои сакаат да учат, обично живеат во домови во кои знаењето се цени, во кои родителите дозволуваат да се поставуваат прашања, искажуваат различни мислења и се води интелектуална дебата. Такви родители сакаат кога детето бара одговори, кога бара објаснувања, дава свое поинакво мислење. Тие прават разлика помеѓу дискусија и караница, ценат добар аргумент без оглед на тоа дали самите го смислиле или до него дошло детето. Тие со децата ги посетуваат музеите, уметнички галерии, ботанички и зоолошки градини и други места, каде што можат да научат нови работи. Децата растат во интелектуално стимулативна средина и родителите кои читаат, присуствуваат на собири на возрасните на кои слушаат интересни дискусии, каде самите можат да ги изложат своите ставови и да бидат сериозно сослушани.

Помогнете му на детето да стекне здрави работни навики

Продолжува на страна 4