Еве како досегашните видови на коронавирусот влијаат врз децата

121

Повеќе деца денес се заразени со ковид, бидејќи болеста е поприсутна во пошироката заедница, но злогласната делат варијанта кај најмладите не предизвикува потешка форма на болеста.

Варијантата на делта не предизвикува потешка форма на ковид кај децата во споредба со претходните варијанти на коронавирусот, покажа британска студија. На почетокот на оваа година, научниците веќе откриле дека децата со алфа варијанта не се разболуваат потешко од оригиналната вуханска варијанта.

Новите податоци сугерираат дека делтата не ги прави децата поболни од алфата. Британските научници, претежно од Кралскиот колеџ во Лондон, споредиле две групи деца заразени со ковид.

Нема голема разлика

Во првата иамало 694 заразени со алфа помеѓу декември минатата година и мај оваа година, а во втората 706 заразени со делта варијанта од мај до јули. Откриено е дека децата заразени со делта имале малку повеќе симптоми, но од двете групи многу малку деца морале да бидат хоспитализирани.

Подолгата форма на ковид не е регистрирана во ниту еден случај, односно половина од децата во двете групи биле болни помалку од пет дена.

„Нашите податоци сугерираат дека клиничките карактеристики на делта варијантата кај децата се слични со другите варијанти“, заклучиле британските научници, а пренесе Reuters.

Поголем број заразени кај децата

Нивниот заклучок е во согласност со заклучокот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

„Иако забележуваме поголем број инфекции кај децата, нашите студии покажуваат дека нема разлика или влошување кога станува збор за сериозноста на симптомите и сериозноста на болеста“, рече неодамна директорката на CDC Rochelle Walensky, зборувајќи за делта варијантата.

„Денес повеќе деца се заразени со ковид, бидејќи болеста е поприсутна во пошироката заедница“, додаде таа.