10 совети како да ги мотивираме децата за учење

4121
  • Многу честа, иако добронамерна, грешка на родителите е постојано корегирање, преречување на детето и делење на совети на секој чекор. Тоа ја нарушува комуникацијата во сите области, децата се учат дека не можат сами да го решат проблемот, дека тоа за него / неа го прават мама и тато и дека е најдобро ако само го слушаат она што им било кажано. Постарите деца често сфаќаат дека не мора да послушаат туку само да молчат и да се преправаат дека слушаат. Многу често, овој став развива пасивен отпор кај децата, па ќе слушнете дека уште пред да ја завршите реченицата ќе кажат “Да, да, јас разбрав” или да гледаат отсутно во телевизија. Во своите тинејџерски години, тој пасивен отпор често се развива во активен, па така кавгите и непослушност, одбивање стануваат вообичаено секојдневие. Дури и децата кои не се спротивставуваат учат дека проблемите ги решаваат родителите и го намалуваат својот труд. Така, во училиштето не се обидуваат да го разберат материјалот, очекувајќи дека подоцна ќе им објаснуваат родителите, дозволуваат да се зголеми бројот на лоши оценки – сокривајќи ги за да нема критикувања и советувања. Слушање на детето претпоставува да не приоѓаме барајќи грешка која треба да се отстрани, туку со вистински интерес, давајќи му на детето шанса да го раскаже она што е важно, а со цел да слушнеме како детето се чувствува, што сака и како можеме да му помогнеме самото да реши проблем. Многу е важно детето да го прашаме што сака од нас, каква помош очекува, и тогаш да процениме кој дел тоа може само, а каде ние навистина треба да помогнеме. Целта на родителството е да се оспособи детето, да стане независна возрасна личност, а дел од тоа е и самостојноста на училиште, како во однос на учењето и грижата за својот успех, така и во поглед на односите со врсниците и наставниците.

Поддршка, поттикнување, почитување

  • Важно е да не се развијаат, или барем на време да се заменат лоши навики, на критикување, презборување, закани и поткупување на детето. Наместо тоа, детето треба да се поддржува, охрабрува, почитува и да се има доверба во неговите способности дека ќе ги надмине проблемите и ќе успее во она што сака. Тоа би значело да се исфрлат во своето однесување изјави како: “Како може тоа да ти се случи?”, “Не биди глуп”, “Пак немаш ти домашна задача”, “Како не ти е јасно!?“ Вклучи го малку мозокот”, “О, ти си мрзливец! “, „Ако така продолжиш, ќе бидеш само сметлар“ и слични кои на детето му ја уништуваат самодовербата и довербата и го демотивираат и обесхрабруваат за било какви понатамошни обиди.

Повеќе разбирање во разговорот, толеранција за грешки, фокусирање на детето, а не на своите чувства – важни се за мотивација на детето за понатамошна работа. На детето за совладување на нови знаења му е потребна поддршка, охрабрување и верба дека тоа може да го направи тоа. При тоа од суштинско значење е дека оваа поддршка не се само во зборови и дека не безвредна. Не е доволно да му се каже на детето, “Можеш да го направиш тоа, јас верувам во тебе”, особено не кога детето е фрустрирано, затоа што нешто не му оди, во такви ситуации, освен потребната поддршка потребно е да се слушне во што е проблемот и заедно со детето да се побараат можни решенија. Вештите родителите и вешти наставници, секогаш внимаваат помошта да е токму доволна, штом детето доаѓа до моментот да може самото – треба да го пуштите да ги почувствува малку пречките и уживање кога тие ќе се надминат, а потоа, гласно да се забележи дека успеало, дека “сфатило” како треба, да го поддржите и зајакнете тој миг.

Често помош се состои само во фактот дека ги слушаме децата за што се жалат, да ги прашавме како се чувствуваат и она што би можело да им помогне, за конечно да го пуштиме да продолжи да “страда” со својата програма, затоа што тоа е сето она што детето го сака од нас.

Некои деца навистина не ги сакаат некои лекции, на пример математика или учење години додека го паметат материјалот од историјата – и потребно им е да се пожалат. Тука приоѓањето како глас на совеста која вели “Мораш”, “Тоа е твоја работа и ќе завршиш!” ,не помага, дури одмогнува што резултира со давање отпор на родителот кој го вели тоа и ја зголемува отпорноста кон учењето на “здодевен” материјал. На детето ќе му помогне родител кој ќе го разбере, кој ќе му покаже дека знае колку му е тешко, кој ќе му покаже дека не знае како да би му помогнал, кој ќе му понуди помош, но нема да ја наметне. Често, детето кое ќе почувствува сочувство и прифаќање од страна на родителите, презема одговорност откако ќе се жали или на краток рок ќе се откаже од задачата, а потоа се враќа и продолжува да работи. Искрени коментари на родителите од типот: “А ти да не го направи тоа, што би било тогаш? Ако тоа не е страшно, остави..” Или “Леле, тоа мора да е тешко и јас мразев да учам на памет”, често ги води децата за да сфатат дека само треба да направи и да се врати на работа со повеќе ентузијазам.

Продолжува на страна 3