Психолошките истражувања покажаа дека луѓето се носат со потенцијален судир на три начини: со избегнување на проблемот, резигнација или експлозивна расправија. Ако спаѓате во последната група, не очајувајте. Вреди да ја испробате оваа едноставна вежба и да употребите зборови кои ќе ја оладат и нај жестоката расправија.
Психолошките студии потврдија дека ако и се каже ауч, (на англиски Ouch) и упс (на англиски Оops) имаат моќ да го спречат судирот, расправијата и препирките меѓу партнерите. Треба да се знае дека лицата реагираат на потенцијален судир на три вообичаени начини: со избегнување на проблемот, со тивка резигнација и експлозивна агресија.
Кога на експлозивците несвесно ќе им се упати навредлива забелешка американските психолози советуваат истите на тоа да кажат ауч наместо салва незгодни фрази кои би можеле да ја разгорат нелагодната расправија.
ауч е моќен збор и силен вербален механизам кој моментално ќе го освести навредувачот, па истиот ќе се извини и така ќе го спречи потенцијалниот вербален судир.
Ако пак сте кажале реченица која повредила нечии чувства, а која сакате да ја поправите, кажете упс, а потоа извинете се, така ќе спречите можна расправија.
Ова е психолошка вежба која е посебно корисна алатка за спречување на расправии во љубовните врски меѓу партнери кои различно реагираат на навредливи забелешки и несвесни провокации, па се почесто се посочува како еден од психолошките лекови за честите расправии од страна на американските брачни терапевти.


















