Зошто секој маж има некоја од минатото која не може да ја заборави

560

Велат дека секој маж има некоја фатална од своето минато. Тоа обично се однесува на една од неговите поранешни девојки со која од тогаш не прозборел ни збор.

Исто така, таа девојка буквално не побегнала од него туку никогаш не му ни била на прво место, пишува Нет.

Се работи за девојка со која веројатно можел да го помине животот, но некаде гадно се зафркнал. Накусо, тој повеќе не е со девојката со која сакал да биде бидејќи веројатно ја измамил или направил некоја друга непростлива грешка. Исто така, можно е едноставно да ја земал здраво за готово и врската пукнала, а тој остатокот од животот се удира по глава поради тоа.

Доцна се сетил

Секако, тука постои и ситуација на промена на перспективата која доаѓа со годините; порано некоја девојка се чинела сосема обична, но кога таа врска се гледа подоцна тој ја смета за идеална и жали за неа.

Факт е дека многу мажи навистина имаат такви жени од своето минато и тоа е составен дел од љубовниот живот на секое лице. На крај и многу жени имаат барем еден фраер од своето минато на кого се сеќаваат со насмевка, зарем не?

Два волшебни збора кои спречуваат секаква расправија

Продолжува на страна 2