Начинот на којшто ја носите чантата открива скриени црти од вашиот карактер

1257

Дали сте подготвени да го дознаете за себе она што се обидувате да го сокриете?

Преку рамото, припиена до телото

Практични сте, се грижите да оставите добар впечаток кај другите и многу често ја доведувате во прашање вашата самодоверба. Од друга страна, очекувате другите да докажат дека се достојни за вашата доверба. Не трошите време на мали работи и важно ви е да го завршите започнатото.

Преку рамото, опуштено покрај телото

Вие сте спонтани, безгрижни и живеете „од денес за утре“. Знаете да уживате во моментот, пукате со самодоверба и важно е да си поминете убаво. На врвот на скалите на вашите приоритети е слободата, и секој што ќе се обиде да ви го одземе тоа, без жалење, е елиминиран од вашиот живот.

На подлактицата, во близина свиокот на лактот

Вам ви е важе статусот, – како материјалниот, така и социјалниот. Вие сте перфекционисти, строги и сакате да ја демонстрирате моќта и положбата во која се наоѓате. Не им оставате на луѓето околу вас дилема што очекувате од нив. Ако одберете да носите поголема торба на подлактицата, во близина на свиокот на лактот, значи дека сакате да бидете во центарот на вниманието.

Во дланка

Овој вид држење на чантата открива жена која има „сè на свое место“. Вие сте наметливи, добро организирани, амбициозни и вредни. На проблемите им пристапувате рационално, со ладна глава и ги решавате еден по еден.

Продолжува на страна 2