Начинот на којшто ја носите чантата открива скриени црти од вашиот карактер

1258

Пред телото, во двете дланки

Срамежливи сте, немате самодоверба и не сакате да бидете во центарот на вниманието. Се плашите дека другите луѓе може да ве повредиат, па така, држејќи ја вака чанта, се обидувате да направите физичко отстапување од оние кои сакаат да ви пријдат.

На грбот

Вие сте независни, грижливи и секогаш подготвени за непредвидени ситуации. Ништо не оставате на случајноста, а луѓето ве ценат затоа што знаат дека можат да се потпрат на вас. Чувајте го вашиот збор и очекувајте го од другите. Обидете се да живеете здрав живот. Не ве вознемируваат гласините, ниту ве интересира што мислат за вас луѓето кои не ве познаваат.

Преку рамото, со чантата пред вас

Ако треба да изберете помеѓу формата и суштината, секогаш ќе се одлучите за второто. Сакате што е можно поголема слобода на движење во комбинација со чувство на заштита и пристапност. Со леснотија ги решавате секојдневните предизвикувачки ситуации, не постои нерешлив проблем за вас.

Преку рамото, со чантата позади

Вие сте мирни, сталожени, независни во донесувањето одлуки и имате доверба во луѓето околу вас. Лесно се ослободувате од товарот на животот и честопати го гледате низ розови очила. Во кругот на пријатели, се сметате за личност која ќе го даде најдобриот совет.