Еве што гинеколог не смее да направи на преглед! Секоја жена ова треба да го знае …

314

Дополнително да не ви ја отежне ситуацијата, не дозволете гинекологот да ви ги направи овие 4 работи:

1. Осудување

Во разговорот со гинекологот зборуваме за најинтимните делови на телото и животот. Треба да бидеме искрени за време на прегледот за да може полесно и побрзо да ја пронајде причината за нашите здравствени проблеми. Но, многу жени често не се искрени поради стравот дека нивниот гинеколог ќе ги осуди.

Имајте на ум дека вашата должност е да бидете искрени, а нивната професионалност. Гинекологот во ниту еден случај не смее да ве осуди за било кој детал од вашиот сексуален живот.

Во предвид може да дојде само професионалниот совет кој ќе ви помогне подобро да го разберете најинтимниот дел од вашето тело и да го зачувате вашето здравје.

2. Наметнување лични убедувања

Гинекологот е обврзн да го одржува вашето здравје и да ви дава медицинска нега, но не е во ред врз основа на сопствени уверувања да ви кажува што можете или што не можете да направите.

3. Погрдни коментари

Гинекологот вашето тело воопшто не треба да го коментира, освен ако е тоа целта на медицински разговор. Секоја дискусија за изгледот на вашето тело која не е поврзана со вашето здравје не е дозволена.

4. Преглед без објаснување

Една жена заслужува да знае што прави нејзиниот лекар во моментот. Токму деталните објаснувања им помагаат на жените да се релаксираат и клучни се за поубав и побезболен преглед.

Во колку вашиот гинеколог случајно е “заборавен” и не ви кажува што прави, слободно поставувајте им праша врзани за прегледот. Тоа е интимен дел од вашето тело и имате право да ги знаете сите детали од прегледот.