3. Тие немаат мотив и никој не ја презема иницијативата
Најчесто ниту еден од двајцата уморни венчани во пијана состојба не сака да преземе иницијатива за секс и така тие пропуштаат галење во првата брачна ноќ. Освен тоа, во современиот свет паровите имаат секс многу-многу пред свадбата, па не го очекуваат тој миг со нетрпение, како што било во минатото.
4. Тие претпочитаат да поминат уште малку време со роднини и пријатели
Повеќето венчани преферираат до последно во свадбената ноќ да останат со своите пријатели и блиски. Некои од гостите со невестата и младоженецот не се виделе многу време, а тие се дојдени специјално за нивната свадба, а потоа не се знае кога повторно ќе се видат, па причината е почитувана.
5. Тие се скарале за нешто
Според истражувањето голем дел од младоженците наоѓаат за што да се скараат во врвот свадбениот ден (околу 20%). Токму поради некакви раздори кои го инхибираат либидото, некои од нив го пропуштаат сексот во првата брачна ноќ.
6. Тие сметаат дека венчавката е ден / вечер за љубов, а не за секс
Некои венчани се толку среќни и возбудени од празнувањето на своите љубов и свадба што претпочитаат да се фокусираат на емоциите, романтиката и заемна љубов, пропуштајќи ги телесните задоволства. Откако веќе си рекле “Да”, тие претпочитаат да заспијат гушнати.
7. Тие го оставаат сексот за првото брачно … утро
Една третина од паровите во студијата изјавиле дека го конзумирале бракот следното утро по свадбата, а не во текот на ноќта. Што е подобар почеток за еден семеен живот!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















