Дали знаете кои лавини се побрзи – сувите или влажните ? Фото/Видео

1326

Лавините се појавуваат во зима и на пролет. Зимските лавини се нарекуваат суви лавини. Нивната маса се состои од свеж и сув снег.

Пролетните или влажните лавини се состојат од снег натопен со вода кој се дели на плочи на падините и се лизга во долините.

Сувите лавини се движат со брзина и до 100 метри во секунда, туркајќи го воздухот пред себе. Така се создава лавински ветер со иста разорна сила како и самата лавина.

Влажните лавини се движат со брзина од 10 до 20 метри во секунда, така што пред нив нема лавински ветер. Во влажните лавини, покрај снегот, има и стебла од скршени или откорнати дрвја, земја и големи блокови од карпи. Таквата маса со дебелина од 10 до 15 метри удира во препреки со притисок до 200 тони на метар квадратен, па ни зградите од армиран бетон не можат да одолеат.

Сувите лавини при нивното влијание на вертикални препреки притискаат со сила од 40 до 100 тони на метар квадратен, а во посебни случаи и до 200 тони на метар квадратен. Лавинскиот ветер е со голема разорна моќ.

Лавините се јавуваат најчесто на падини со агол од 25 до 35, па дури и до 60 степени. На поостри падини снегот се растура во подножјето па нема лавини.