4. Имате висок крвен притисок
Научниците утврдиле дека препорачаниот внес на калциум може да го намали ризикот од развој на висок крвен притисок. Хранете се со богата со калциум храна, како што се млечните производи, бадеми, бразилски ореви и зеленчук како брокули и зелка.
5. Не добивате доволно витамин D
Калциумот има потреба од витамин D, за да се апсорбира во телото. Па недостатокот на едното значи недостаток и на другото. Конзумирајте повеќе житарици, млеко и свежи овошни сокови и стојте повеќе на сончева светлина во убавите зимски денови.
6. Имате неподносливост на лактоза
Ако не примате млечни производи, можно е да имате недостаток на калциум. Обидете се да додадете други богати со калциум производи во вашата исхрана, како пивски квасец, сушени смокви, лешници, соја или оризово млеко.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















