Предностите на тоа да носите шминка се дефинитивно доста. Особено ако знаете како правилно да ја нанесувате и го познавате во детали лицето.
Вештината да ги прикриете недостатоците и да ги потенцирате предностите е основен квалитет што голем дел од жените го поседуваат.
Колку и добри страни да има шминкањето, сигурно не се малку и недостатоците на практиката за користење на козметички производи.
Бидејќи доста од нив се на моменти способни да нѐ извадат надвор нерви, нудиме листа на најчестите проблеми, но претставени со доза на хумор.
И така и така се тука, барем да се смееме со нив.
1. Јаката
Без разлика колку се трудиме и обидуваме, секогаш ќе ја извалкаме високата јака како на кошулата, така и на јакната со едно добро количество пудра. Камо да се чистеше толку лесно и од ткаенини, колку од лицето.
2. Перница
Никогаш не е сигурно дали ќе легнете на бела перница и ќе се разбудите на таква. Најбрзо може да откриете колку сте го исчистиле вашето лице, ако се залепите на каква и да е бела основа. Ќе ги најдете токму оние остатоци од трепките, кои не сте успеале да ја отстраните и малата количина пудра, која се наоѓа на границата помеѓу лицето и косата. Рај за пријателот. Барем сте му оставиле буквално траен спомен во кревет.
3. Вадење на шминка
Тешката вечер дефинитивно вредеше, но сте толку уморни па си давате еден ден одмор од отстранувањето на шминката. На другиот ден кожата ве мрази толку колку што вие ја мразите досадната постапка за отстранување. А со таква желба се шминкавте вчера!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















