Освен тоа што овој напиток е одличен за постигнување и одржување на витка линија, тој е и идеален освежителен пијалок полн со витамини…
Состојки
- 1,5 до 2 чаши студена филтрирана вода
- 6 шолји исечкан спанаќ
- 5 шолји исечкана зелена салата
- 2 целери
- 1 излупено и исечкано јаболко
- 1 излупена и исечкана круша
- 1 банана
- 1 до 2 кафени лажички сок од лимон
Може да додадете и мраз, половина шолја кориандер и половина шолја магдонос.
Подготовка
- Измијте го овошјето и излупете го тоа што има кора.
- Ставете вода во блендер и додадете ја салатата и спанаќот.
- Вклучете го блендерот на минимална брзина и матете додека состојките не се соединат.
- Постепено зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки.
- Бананата и лимонот додадете ги последни.
Добиената смеса е доволна за четири големи чаши.



















