Вистината и лагите за храната | Овој текст ќе ги покрие многуте ваши прашања во врска со магнезиум хлоридот

2394

Успехот на маслени производи од магнезиум хлорид

Потентност и ефикасност на магнезиум хлоридот особено се постигнува со локалната примена на кожата во форма позната како “масло на магнезиум хлоридот”. Позитивни извештаи на медицинските професионалци и потрошувачи во врска со здравствени придобивки постигнати со локалната примена ја нагласуваат неговата практичност и ефикасност во справувањето со различни симптоми, вклучувајќи ги и оние поврзани со кожата, мускулите и нервниот систем.

Поборниците (корисници) на препаратите на магнезиум хлоридот Ancient Minerals детално го опишуваат моменталното и длабокото влијание на магнезиумот во локалната (трансдермална) примен на нивното здравје, додека оралните дози на различни магнезиумови соединенија имаат слаби ефекти во однос на очекувањата.

Една мала студија која ја спроведе д-р Норман Shealy, основачот на Американското холистичко здравствено здружение (American Holistic Medical Association) ни обезбедува документирано истражување за влијанието на локална примена на магнезиум хлоридот на крвната сликата. Д-р Shealy ги спореди интрацелуларните нивоа на магнезиумот на учесниците на истражувањето пред и после одреден период од секојдневната локална примена на магнезиум со магнезиумските бањи и прскања со масла од магнезиум хлоридот.

Кај 75% од учесниците забележале значително подобрување. Д-р Shealy заклучи дека уникатните својства на суперзаситениот магнезиум хлорид овозможуваат успешна апсорпција во кожата , зголемувајќи ги интрацелуларните нивоа на магнезиум кај поголемиот дел од учесниците. Прочитајте повеќе детали за студијата на д-р Shealy и на другите студии за трансдермалната терапија со магнезиум.

Силата на магнезиумот и неговата асимилација

Често поставувано прашање меѓу професионалците и потрошувачите е токму колкав процент на маслото од магнезиум хлорид, гелот, лосионот или снегулките се апсорбираат во кожата? И колку се навистина препаратите (за локална употреба) на магнезиум хлоридот се апсорбира во споредба со оралната употреба?

Fickовиот закон на дифузија наведува дека апсорбираната количина на некој раствор (на пр. масло на магнезиум хлоридот) е директно зависна од:

  1. концентрацијата на растворот
  2. време траењето за време на која растворот е во контакт со мембраната (на пример, кожа)
  3. дополнителните аријабли, вклучувајќи ги местата на кои се применува, температурата на растворот, итн.

Додека овие точки овозможуваат увид во услови кои се погодни за ефикасна апсорпција на магнезиум хлоридот во кожата, конечниот прецизен одговор колку милиграми е апсорбирано, се разбира, недостижен ин виво (во живо). Точните вредности се подеднакво непознати кога станува збор за оралните дози. Премногу има фактори кои влијаат на тоа колку и како брзо магнезиумот се асимилира, а потоа се испраќа во крвотокот, без оглед дали е тоа преку устата или преку кожата.

Меѓутоа, очигледна ефективноста на кожата во преземање на магнезиумот во врска со многуте придобивки од магнезиум хлоридот во локалната примена сигурно овозможува добра основа за брзи резултати кај корисниците. Она што е мерливо е влијанието на крвната слика, како што прикажало истражувањето на д-р Shealy, заедно со сегашното подобрување на здравјето во регенерирање на клетките со недостаток на магнезиум.

Она што сите кои имаат искуство со локалната примена на магнезиум го признаваат : магнезиум хлорид несомнено носи повеќе искористен магнезиум во клетките од која било друга форма, особено кога кожата се користи како примарен начин на внесување.

Продолжува на страна 4