Вистината и лагите за храната | Овој текст ќе ги покрие многуте ваши прашања во врска со магнезиум хлоридот

2394

Константа на стабилност за вообичаените магнезиум соединенија

Следната табела ја прикажува константата на стабилност за некои вообичаени соединенија на магнезиум. Пониските вредности на константата прикажуваат поголема биорасположивост.

Магнезиум соединение             Константи на стабилност             Јонизираност

Магнезиум хлорид                                             0                                   Целосно јонизиран
Магнезиум ацетат                                             0,51                               воглавно јонизиран
Магнезиум глуконат                                          0,70                              воглавно јонизиран
Магнезиум лактат                                             0,93                              воглавно јонизиран
Магнезиум малат                                              1,55                              воглавно јонизиран
Магнезиум глумат                                            1,90                               воглавно јонизиран, но невротоксичен
Магнезиум аспартат                                         2,43                              воглавно јонизиран, но невротоксичен
Магнезиум цитрат                                            2,80                              воглавно јонизиран

Извор: Doctor Carolyn Dean, The Magnesium Miracle. New York: Ballantine Books, 2007; http://george-eby-research.com/html/stability_constants.html

Потентност на магнезиум хлоридот е јасно видлива од овие податоци. Со константа на стабилноста еднаква на нула, магнезиум хлоридот е целосно јонизирачки во текот на еден широк спектар на pH вредност, од ниска pH вредност од 2-3, која се наоѓа во желудечната киселина, па до благо алкална физиолошки pH 7,4 , која се наоѓа во екстрацелуларната течност, како што се серумите и лимфата.

Нормална pH вредност на кожа е малку кисела, 4,5-6 и создава совршена средина за целосна јонизација на магнезиум хлоридот. Затоа, оптимален внез во поткожното ткиво е можно со локална примена на магнезиум хлоридот, како што се применува во рансдермалната терапија со магнезиумот.

Магнезиум хлорид го помага варењето на храната

Што се однесува на влијанието на магнезиум хлоридот на здравјето, придобивките се неверојатни. Многу истражувачи го поддржуваат ставот дека магнезиум хлоридот најдобрата форма на додаток на храна, делумно поради тоа што хлоридот има клучна улога во производството на хлороводородната киселина (HCl) во желудникот.

Некои луѓе едноставно не произведуваат доволно хлороводородна киселина, што може да резултира со бројни здравствени проблеми поврзани со метаболизмот и апсорпцијата на хранливите материи. Овој недостаток може да се должи на различни нарушувања кои влијаат на желудникот , или едноставно поради индивидуални разлики или други непознати причини. Конечно, како што старееме, производството на хлороводородна киселина во желудникот се намалува, често драматично и речиси секогаш е недијагностицирана.

Употребата на магнезиум хлорид како магнезиумовиот додаток има додадена вредност во тоа што помага во намалување на потенцијалните проблеми кои можат да произлезат со постојаното намалување на желудечната секреција на киселина. Во овие проблеми можеме да вклучиме:

  • ослабената апсорпцијата на витамини и минерали
  • неправилно – нецелосно варење на храната
  • зголемена подложност на несаканите бактерии, вируси и габи кои поминуваат низ цревата

Овие предности резултат се од зголемената содржина на хлориди кои се наоѓаат во магнезиум хлоридот, доволно за да се зголеми производството на желудечната киселина, и со тоа се зголемува апсорпцијата и на самиот магнезиум и се подобрува севкупната ефикасност на варењето на храната. На тој начин се создава поволно опкружување за асимилација на критични микронутриенти толку важни за здравјето, особено кога старееме.

Продолжува на страна 3