Вистината и лагите за храната | Овој текст ќе ги покрие многуте ваши прашања во врска со магнезиум хлоридот

984

Главното магнезиумово соединение

Магнезиум хлоридот многу здравствени работници го препознаваат како “главно магнезиумово соединение” и за прехрамбената и за локалната примена, поради неговата потентност и ефективност.

Магнезиумот е без сомнение терапевтски погоден за човековото тело, но многу нешта останале недокажани за останатите видови и квалитетот на различните форми на магнезиум. Сите видови на магнезиум не носат иста (препознатилива) корист. Како и другите минерали со хранлива вредност, магнезиумот природно се појавува во природата во различни неоргански и органски форми. Секоја од овие форми има менливи степени на ефикасност во човечката биохемија.

Во форма на додаток во исхраната “магнезиум оксидот“ е најчестата форма на магнезиум во слободна трговија и се покажа дека има многу ниско ниво на апсорпција, дури и до 4% кај останатите форми на магнезиум, особено природно достапниот магнезиум хлорид, покажаа дека постигнуваат многу поголема биорасположивост.

Избор на лесно растворлитава форма на магнезиум обезбедува висока потентност и многу здравствени придобивки. Магнезиум хлорид е особено препорачлив за брзодејствувачката терапевтска употреба. Една особено безбедна и природна форма сега е достапна во облик на чисто магнезиумово масло или како магнезиумова сол за бањање, каде што и двата се добиени од чистите морски длабочини и тестирани се на чистотата од загадувачите.

Зошто магнезиум хлорид?

Според д-р Каролин Дин, авторот на книгата The Magnesium Miracle (“Чудото на магнезиум”) и експертот за третман со магнезиумот, магнезиум хлоридот и другите неоргански магнезиумови соли се појавува како метал- поврзувачки (метал -лиганд) комплекси, супстанции поврзани околу еден централен атом на метал, во овој случај магнезиум. Секој од овие метал- поврзувачки соединенија можат да се приклучат на “постојана стабилност ” која ја одредува нивната релативна способност да преминат во јонската форма.

Константата на стабилност се движи во опсег на вредности под 1 до блиску 20. Со оглед на формите на магнезиумовите додатоци во прехраната, биорасположивоста на супстанцијата е поголема доколку константата на стабилност е блиску до нула. Пониска константа на стабилност претставува растворливи комплекси, лесно разградливи во јонската форма заради биодостапноста. Ова е важно затоа што ние не го апсорбираме магнезиумот во форма на самите соединенија на магнезиум хлорид, туку како слободен магнезиум хлорид и јони на хлорот.

Продолжува на страна 2