Главната медицинска сестра на Инфективна | “Седум месеци работам и живеам со заштитна маска“

1493

Зорица Љубичиќ, главната медицинска сестра на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби вели дека веќе седми месец работи и живее со заштита маска ѝ дека и е составен дел од облеката, но и од начинот на секојдневното функционирање.

„Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен“, апелира Љубичиќ.