Капиновото вино одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување.
Исто така, се користи при исцрпеност, неухранетост, за регулирање на варењето. при притисок и циркулација. Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лечење на жолчката и урината, а постојат и докази дека поволно делува врз одредени кожни заболувања како што се лишаи и расни исфрлувања.
Ова вино, го намалувапокачениот холестерол, спречува згрутчување на крвта, појава на болести на срцето, но и невролошки нарушувања како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест.
За добивање вино од капини потребно е да обезбедите 5 kg капини и 1,5 kg шеќер
- Исчистените и измиените капини ставете ги во еден поголем сад, а потоа добро изгмечете ги со раце и додадете шеќер. Не го полнете садот до врвот, оставете три прсти, затоа што наскоро ќе започне вриењето.
- Садот покријте го со газа и сатвете го на пооладно место
- Нека отстои една недела
- Ќе се појави пена (пулпа) која треба да се отстрани од површината, а виното да се процеди преку газа
- Виното вратете го во садот и повторно нака отстои недела дена
- Внимателно, добро процедете го виното од тиња и преточете го во литарски стаклени шишиња
- Преврзете ги шишињата со газа ( не ги затварајте со тапа да не пукнат шишињата)
- Да се чува на ладно место, а дури по еден месец затворете го шишето со тапа
Начин на употреба: Пијте наутро на празен стомак или навечер пред спиење. За лековити цели доволна е дневна доза од 0,5dl до 1 dl (половина чаша) од овој напиток на подолг временски период од 2-3 месеци.