СЕКС-ИДНИНА  Електрична јагула и уште пет кондоми за кои допрва ќе се слушне! (ВИДЕО)

1350

Како технологијата напредува, така и контрацептивните средства стануваат сѐ повеќе софистицирани. Ви претставуваме шест кондоми кои ќе ве воодушеват.

Знаете за апчиња, сунѓери, латекс кондоми … Но, човештвото напредува во секој поглед, дури и во контрацепцијаат. Сега постојат нови начини да се заштитите од несаканата бременост и сексуално преносливите болести, а за многу од нив не сте слушнале.

Значи, да почнеме со набројување:

SAGAMI: Најтенкиот кондом на светот

Овој кондом е дебел само 0, 001 милиметар, додека просечната дебелина е 0,070 мм. Исто така, не мириса на латекс и може да убеди повеќе луѓе да практикуваат безбеден секс.

ELECTRIC EEL: Електричен кондом

Овој кондом испраќа мали електронски импулси преку кондомот и така гарантира задоволство.

GALACTIC CAP: “Капче за главчето“

Овој кондом е невозможно да се објасни, но ајде да се обидеме. Се става од два дела, првиот можете да го ставите неколку часа пред секс и со него да мокрите, да се туширате,а тој не пречи. Тогаш се става капче кое обезбедува подобар оргазам.

ELEPTIKA: Женски кондом но, практичен

Додека женските кондоми, како по правило се непрактични, овој кондом полесно се става, заради својата форма и така ги охрабрува жените да ја преземат контролата.

Алтернатива: За алергичните на латекс

За оние кои имаат проблеми со латексот, овие кондоми се одлична алтернатива и уште може да се стави лубрикант во нив, што со обичните кондоми не е случај.

VIVA GEL: Кондом кој убива болести

Овие кондоми убиваат сексуално преносливи болести поради астродимер натриумот, кој нема антибиотици во себе, но ги убива вирусите. Направени се за оние кои се плашат од сексуално преносливи болести, па дури и ако се забавуваат со некој кој ги има.