Зошто не треба да претерате со внесот на протеини

130

Протеините се оние хранливи материи кои помагаат да се изградат мускули, да го симнеме вишокот килограми, даваат енергија, но сето тоа, кога се наоѓаат во рамнотежа со друга корисна храна.

Исклучувањето на јаглехидратите од менито и нивната замена со храна богата со протеини, може да има негативни последици не само врз функцијата на бубрезите, но и врз целиот организам. Видете повеќе.

Лош здив

Кога конзумирате минимални количини јаглехидрати, телото преминува во состојба наречена кетоза. Процесот на согорување на масти наместо јаглехидрати е одличен, кога сакате да изгубите тежина, но и не за здивот.

Кога телото го согорува вишокот на масти, тоа произведува хемикалии наречени кетони. Дури и честото миење на забите не може да ви помогне да се справите со непријатниот здив.

Губење на расположение

Може ли потрошувачката на премногу протеини да се влијае на нашето расположение? Според научниците – да. На мозокот му се потребни јаглехидрати како шеќер и скроб (се разбира во умерени количини), за стимулирање на производството на хормонот серотонин.

Според австралиско истражување, спроведено меѓу луѓе со прекумерна тежина, овие кои негуваат строга диета со ниска содржина на јаглехидрати во рок од една година, биле многу нервозни во споредба со оние кои биле на диета која вклучува повеќе корисни јаглехидрати и помалку масти. Се споменува дека и двете групи имаат изгубено приближно иста тежина.

Појава на запек

Пилешките гради и урдата се одлични за изградба на мускулите. Но, за да одржите еден здрав систем за варење и да одите редовно по голема потреба, стомакот има потреба од корисни влакна. Препорачаната дневна доза е од 25 до 35 грама растителни влакна. Ако тие ви недостигаат во менито, ќе се појават запек, надуен стомак и непријатност.

Зголемување на телесната тежина

Високата содржина на протеини во секојдневната исхрана може да помогне за симнувањето на неколку екстра килограми, но на краток рок. Истражување покажа дека луѓето чии план за исхрана вклучува 90% потрошувачка на протеини е многу веројатно да се постигне прекумерна тежина, во споредба со оние кои имаат биланс во внесената храна.