Најапсурдните совети кои ги добиваат бремените жени

127

Кога една жена ќе забремени, вниманието ѝ е опседнато од идното нејзино бебе. Таа се обидува да собере што повеќе информации за бременоста, породувањето и одгледувањето на породот и често се судира со секакви теории.

Од една страна во медиумите има еден куп материјали кои се контрадикторни, а од друга сите нејзини познаници кои се родиле, се подготвени да ја бомбардираат со своето “искуство”, совети и предвидувања.

Еве ги и најлудите меѓу нив:

Можам да ти кажам дали ќе е момче или девојче, бидејќи стомакот ти се чини … Ова може да го каже со точност само ехото, останатото се само нагаѓања.

Не јади лимони! Детето може да излезе рунтаво. Зарем повеќето бебиња не се раѓаат со косичка?

Носиш ли специјални гаќи за мочање? Би требало, бидејќи ќе го правиш тоа на секои 10 минути.

Не фрлајте ја плацентата, сварете ја! Бидејќи таа чува од анемија.

Избра ли веќе градинка? Никогаш не е премногу рано! Треба да мислам еден чекор напред … или во случајот мнооогу чекори напред.

Може да го користиш кремот за брадавици како балсам за усни. Сериозно ли? Да, тој е повеќе лига и силно навлажнувачки, но сепак е за друго!

Не ги кревај рацете премногу високо! Папочната врвца на бебето може да се увие околу стомакот.

Немај секс, додека си бремена. Може неговиот пенис да го погоди бебето и да му причини повреда за цел живот.