Во Грција пронајдена гробница на благородничката Неико | Фото

865

Грчките археолози пронајдоа речиси неоштетен гроб на античката благородничка на островот Сикинос.

Во гробницата се пронајдени повеќе парчиња златен накит, но и натпис со името на закопаната благородничка, која се викала Неико.

– Ова е навистина многу ретко. Наоѓалиштето е едно од најимпресивните, но има и идентитет. Сега знаеме за кого е изградено и ги имаме нејзините остатоци и нејзиното име, истакна археологот Димитрис Атанасулис.

Гробницата е пронајдена во комплексот Епископи, каде подоцна во визнтискиот период биле изградени црква и манастир.