KAKAO | Храната на боговите

288

Какаото се смета за скапоцена намирница уште од дамнешни времиња.

Какаото расте на дрвја со просечна височина од 4-8 метри и припаѓа на семејството зомзелени растенија Sterculiaceae.

Потеклото на овие растенија е од тропските региони на Јужна Америка, а плодот се користи најчесто за правење какао прав и чоколадо.

Плодот има форма на елипса со должина до 30 cm и тежина до 500 gr. Во внатрешноста на плодот се наоѓаат 20-30 семиња. Од пулпата се прави сок, а од семињата какао во прав, путер, но може да се јаде и целиот плод.

Секое семе содржи и до 50% масти, но и теобромин, состојка која е многу слична на кофеинот.

Денес какаото во див облик може да се најде на надморска височина од 200-400 метри во регионот на реките Амазон и Ориноко.

Прв во Европа го има донесено Колумбо кој го нарекол “лешници со чуден изглед“, но како пијалак е направен во 1519 година.