Колку пати сте слушнале дека невоспитаните деца се последица на лошото родителство?
Колку всушност поверувавте во тоа?
Сепак вистина е дека постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека не сте сјајни во својата улога на родител.
Нашите дела говорат повеќе од зборовите. Ставот, погледот на свет, целите и перцепцијата во голема мера зависат од тоа што детето научило од своите родители. Понекогаш навистина сме лош пример, а тоа не го ни забележуваме.
Со помош на примерите, кои ги следат, откријте дали сѐ уште сте добар родител
- Доколку детето намерно ве вознемирува додека работите, тоа е затоа што кон него не сте доволно нежни.
- Вашето дете лаже, доколку сте претерувале во реакциите на неговите претходни грешки.
- Ниското ниво на доверба кај детето потекнува од тоа што повеќе му делите совети, отколку што го фалите и охрабрувате.
- Кога ќе забележите дека детето не се залага само за себе, веројатно сте го дисциплинирале во јавност. Дури ни присуството на браќата, сестрите, пријателите или роднините не е погодно за упатување на критики кон детето. Сторете го тоа додека сте сами со него.
- Доколку на детето му купувате се, а тоа и натаму сака и зема работи кои не му припаѓаат, причината е тоа што не му дозволувате да избере.
- Детето може да стане кукавица, доколку му помагате во се. Не ја отстранувајте секоја препрека наместо него.
- Љубомората кај децата може да се појави доколку родителите константно го споредуваат со други деца.
- Фалете го повеќе своето дете, доколку забележите дека многу брзо се лути. Причината за тоа е што тоа смета дека го добива вашето внимание само кога ќе стори нешто лошо.
- Децата стануваат таинствени, доколку постојани им викате. Причина може да биде и тоа што од мува правите слон.
- Доколку вашето дете не е емпатично кон другите, веројатно постојано сте му наредувале, не земајќи ги предвид неговите чувства.
- Безобразието и невоспитувањето детето ги научило од своите родители или од опкружувањето во кое живеат.
Родителството не е само една ваша работа, тоа е доживотна приврзаност. Поради напорниот и брз начин на живот, лесно е да се западне во рутина, при тоа несфаќајќи дека нашите навики станале контрапродуктивни. Кога веќе го забележувате лошото однесување кај децата, станете свесни и за своето однесување.



















