По празниците повторно започнува училиштето, а ова е пораката што вреди често да им ја повторуваме на децата.
Одвојте пет минути и разговарајте со вашето/те дете или деца. Објаснете им дека различностите не се причина за потсмев – без разлика дали некој е повисок или понизок, послаб или подебел, со поинаква боја на кожа, носи очила, има здравствен предизвик, живее со еден или двајца родители или е нов ученик во одделението.
Потсетете ги дека и користениот ранец ги носи истите соништа како и новиот.
Научете ги да не исклучуваат никого само затоа што е „различен“ или затоа што нема исти можности како тие.
Убаво е кога децата имаат џепарлак и можат многу да си дозволат, но важно е да разберат дека не секое дете ја има таа привилегија и дека споделувањето е чин на добрина и човечност.
Разговарајте со нив дека задевањето и малтретирањето повредуваат и дека училиштето постои за учење, а не за споредување и натпреварување со другите.



















