Не се задевајте со Генерација 50+

503

Не допирајте никого над педесет години. Сериозно. Тие не се само луѓе — тие се вид преживеани. Цврсти како леб од минатата недела, брзи како бабината влечка во лет.

Дури и како деца, знаеле да го препознаат расположението на мајката по звукот на тенџерето. На пет години носеле клуч околу вратот и топлеле ручек без да се изгорат. На седум готвееле супа без рецепт, а на девет ја поправале чешмата и бегаале од кучето на соседот. Знаеле како да ја користат машината за перење и да сменат гума на велосипед.
Летата ги поминувале надвор, од зори до самрак. Без мобилен телефон, но со план: железо за тресење тепих, река, џамлии и назад дома со излупени колена. Излупените колена се лекувале со плунка или со ајдучка трева . „Ако не паднал, не би болело“, велеле тие.
Пиеле вода од градинарско црево и јаделе леб со шеќер. Алергии? Ако постоеле, молчеле за нив.
Тие доживеале сè: транзисторски радиоапарати, црно-бели телевизори, грамофони, касетофони, видеорекордери, ЦД-а… а денес носат илјадници песни во џебовите, но сè уште им недостига бучавата од касетите.
Кога ја положиле возачката, влегле во Фиќо и патувале низ Европа без клима, GPS или резервации. Се снаоѓале со мапа, насмевка и сендвич во багажникот — и пак стигнале на замисленото место.
Ова е последната генерација што знаела како е да се живее без интернет, сигнал и полначи. Ги паметеле родендените без апликации, имале тетратки со рецепти и телефон на кабел во ходникот.
Генерацијата над 50 години сè поправа со изолир лента и клешти,
– имале неколку ТВ програми и никогаш не им било здодевно,
– знаеле да прелистуваат печатен телефонски именик,
– и знаат дека ако некој не се јави, нешто не е вред.
Тие се изградени поинаку. Поотпорни, побрзи, потивки. Последните вистински нинџи на секојдневието.
Не се задевајте со педесетгодишник. Тој видел повеќе, доживеал повеќе и има повеќе спомени од целата ваша галерија со фотографии од паметните телефони.