Потребно
- 500 гр. вода
- 400 гр. остро брашно
- 200 гр. + 1 кг. масло за јадење
- 6 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- ½ кесичка прашок за печење
- Сол
За шербетот
- 1 л. вода
- 1 кг. шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 парче лимон
Подготовка

- Ставете ги водата, 200 гр. масло за јадење, еден ванилин шеќер и малку сол во тенџере на оган да зовријат.
- Откако ќе зоврие, се тргнува тенџерето од огнот и веднаш се додава брашното во кое претходно имавме ставено половина кесичка прашок за печење.
- Тоа се мати со маталки за тесто и се остава смесата да отстои додека не се олади. Откако тестото ќе се олади, повторно матиме и ги додаваме јајцата едно по едно.
- Матиме додека смесата не се изедачи. Потоа го подготвуваме шербетот. Зовриваме 1 литар вода и 1 кг. шеќер, го оставаме да врие 2 минути, го тргаме од огнот и потоа ја додаваме кесичката ванилин шеќер и парчето лимон.
- Во тенџере на оган ставаме да се загрее 1 кг. масло за јадење. Го полниме калапот (шприц) за толумби со приготвената смеса, и ги истиснуваме во маслото за јадење да се пржат на тивок оган.
- Пржените толумби веднаш ги ставаме во шербетот, ги свалкуваме и потоа ги ставаме во поголема чинија. Постапката ја повторуваме со сите толумби.
- Исто така може и најпрво да се испржат толумбите и потоа да се свалкаат една по една во жешкиот шербет.
- Крајниот резултат е околу 60 парчиња вкусни толумби.
//