Често слушаме дека сланината не е најздрава и дека треба умерено да ја консумираме, но дали е тоа навистина точно?
Сланината е богата со протеини и витамини, а содржи многу малку јаглехидрати. Постојат причини зошто можете да уживате во сланината без каење, со умерена конзумација секако.
Сланината е омилено јадење на нашите постари, а веројатно со причина.
Српската докторка Милка Раичевиќ, гостинка на РТС, сподели важни информации за сланината, популарно јадење меѓу сите во регионот, истакнувајќи ги клучните аспекти.
Иако многумина внимаваат на своите прехранбени навики, особено избегнувајќи ја сланината поради нејзината маснотија, докторката истакнува дека сланината всушност содржи помалку лоши незаситени масти од морската храна, со три пати поголема количина на мононезаситени масни киселини.
„Многумина не го знаат ова, но сланината содржи само два отсто лоши незаситени масти, а има три пати повеќе мононезаситени масни киселини отколку во морските плодови“, објаснува со свои зборови.
Дали сланината е навистина добра?
Невообичаено, но сланината може да биде корисна за луѓето кои се на диета, тврди Раичевиќ. Таа наведува дека организмот памети кои масти внесуваме, и истите ги задржуваме, што може да биде корисно кога телото е под стрес од диета.
„Нашиот организам е компјутер. Знае колку се мачи за да го спаси тоа сало. Следниот пат кога ќе одите на диета се акумулира и не дозволува лесно да се исфрли од организмот“, тврди докторката.
Постојат неколку теории за придобивките од јадењето сланина:
- Сланината не содржи јаглехидрати, што може да биде корисно за оние кои избегнуваат јаглехидрати за губење на тежината.
- Богата е со протеини, важни за одржување на енергијата и здравјето на кожата, косата и ноктите.
- Помага во борбата против мамурлакот.
- Обезбедува чувство на ситост поради високата содржина на заситени масти.
- Богата е со витамин Б, кој го зајакнува имунитетот и ги обезбедува дневните потреби на тиамин, ниацин и витамин Б12 и цинк.
- Сланината била дел од исхраната на примитивните луѓе и се вклопува во палео исхраната.
- Лесно се подготвува, било со пржење или без никаква обработка.