Англиски булдог прогласен за Најгрдото Куче на Светот | Видео

409

Англискиот булгдог За За со испружен јазик е победник на натпреварот за најгрдото куче на светот што се одржува во Калифорнија.

Победата вклучува трофеј, 1.500 долари за сопственичката и гостување на дневната емисија на НБС.

Деветгодишната Заза со розова каишка просто „ги засени“ своите соперници, од кои некои се и без влакна, или пак имаат мек јазик што не можат да го држат зад заби.

Меѓу другите натпреварувачи беа и Раскал Ду, кинескиот пес со грива, пекинезерот Вајлд Тинг („Wild Thing“ – „Нешто лудо“), чивавата Госпоѓа Кравиц и Хамисабо, мешавина од кинески пес со грива.

На минатогодишниот натпревар, „шампион“ беше големата „згоена и отечена“ Марта, тешка околу 57 килограми, женка од расата неаполски мастиф, но никој не можеше да ја засени За За.