Целер против анксиозност, замор и кашлица

96

Корен на целерот и семето се користат за лечење на благи форми на анксиозност и вознемиреност, замор, кашлица, губиток на апетитот. често се користи при потежкотии при варењето на храната, при заболувања на желудникот и цревата.

Целеерот е корисен е и за дијабетичарите. Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита.

Целерот има благо диуретично дејстсво, слично како и магдоносот.

Поради диуретичното дејство, целерот може да се употребува против: реума, гихт, артрит, песок и камен во бубрезите и во мочниот меур, при воспаленија на мочните патишта, при целулит и преголема телесна тежина, при астма, воспаление на белите дробови, при болести на нервите.

Против овие болести целерот делува превентивно, па треба почесто да се консумира.

Поради тоа што ја поттикнува работата на бубрезите и го исфрла вишокот на течноста од организмот, целерот е добар и за лицата со отоци, кои се предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Целерот ги отстранува отровите од телото, помага во регулација на високиот крвен притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка и помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.