Тестирајте се | Дали припаѓате на луѓе со стара душа?

2358

5. Промислени и дубиозни (сомнително)
Старите души мислат многу, за сè и сèшто. Тие можат внимателно да размислат за своите дела и да научат многу од работата на другите. Во таа смисла, тие се одлични наставници и советници. Старите души се чувствуваат зрели во своето срце, пред сѐ поради нивната размислувачка природа, и тивкото набљудување на луѓето и околината.

6. Гледате поширока слика
Старите души никогаш не се изгубени во површнските желби и достигнувањата. Тие не се заинтересирани за добра службена положба, образование, материјален статус и сл. Гледаат на животот од птичја перспектива, се занимаваат со мали и незабележителни детали. Многу им значи да го пронајдат значењето на нивниот животен пат, по кој чекорат чекор по чекор. Кога се соочуваат со проблем, тие не губат надеж. Тие сметаат дека проблемот е најобична пречка, која им дава задоволство во животот. Тие се свесни дека патеката на животот не може да биде рамна и мазна. Поради скромниот и мирен поглед на светот, тие не се склони кон драматизација, имаат мирен и стабилен карактер.

7. Не сте материјалист
Богатството, статусот, славата и најновата верзија на iPhon … сето тоа старите души ги досадува и заморува. Во материјалните добра тие не гледаат никаква смисла ниту задоволство, без нив живеат квалитетен и исполнет живот.

8. Како дете сте биле чудни и различни
Тоа не е правило, но повеќето стари души покажуваат знаци на зрелост во раните години од животот. За децата во кои е стара душа велат дека за свои години се премногу зрели, интровертни или бунтовни. По својот начин на живот тие се разликуваат од обичните деца. Во раните фази на развојот тие се љубопитни и интелигентни, често се случува да се досадуваат на училишните часови. Дома и во контакт со родителите, тие често се инаетат или се спротивставуваат на нивните наредби, бидејќи во нив не наоѓаат никаква смисла. Ако имате деца со кои можете да зборувате како со возрасни, тоа е знак дека во детето е стара душа.

9. Се чувствувате старо и зрело
Ова, се разбира, не значи дека секое утро имате болки во грбот или имате некои физички нарушувања. Точно е дека на своите плеќи ја чувствувате тежината и проблемите на овој свет. Понекогаш сте сити од луѓе, чувствувате и ментален замор.