Страотни призори од познатиот грчки остров | По невидена инвазија пајаците сплеле гигантска мрежа | Видео

1283

Глобалното затоплување ги менува животните услови низ цела Европа, а за тоа сведочат и Грците, каде што големи површини со зеленило целосно се покриено со паукова мрежа.

Потоплите временски услови, повлажната клима и доволно храна за преживување предизвикале експлозија на бројот на инсекти како што се комарците. Тие се омилена храна за пајаците, кои поради тоа значително се намножиле во западна Грција: грчкиот Аитолико нуди ретка глетка на пајакова мрежа со должина и до 300 метри! Цели генерации на пајаци од видот Tetragnatha се намножиле благодарение на поволните животни услови, а овој тип е познат и по своите спектакуларни мрежи во кои во сезоната на парење ги градат своите гнезда.

Грчкиот биолог Марија Чатзаки изјави за Newsit.gr – “Изгледа како пајаците да ја искористуваат можноста која им ја обезбедуваат овие услови и имаат некој вид на забава. Тие се парат, се размножуваат и обезбедуваат една цела нова генерација. Тие пајаци не се опасни за луѓето и нема да предизвикаат било каква штета на флората на оваа област.”