“Украл” 24.000 литри морска вода од Јадранско Море и платил казна од 1549 евра

1401

Германец, кој овие денови на плажа во близина на градот Трст во својот камион ставил 24.000 литри морска вода, бил приведен од локалната полиција по дојава од граѓани и го казнила со 1.549 евра, а „украденото“ море морал да го врати во Трстанскиот залив.

Полицијата откри дека 48-годишниот германски државјанин во близина на населбата Баркола, кај дворецот Мирамаре, во својот камион неовластено од Јадранското Море испумпал 24.000 литри вода.

Замокот Miramare

Германецот признал во полиција во текот на сослушувањето дека морската вода сакал да ја пренесе во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.