Науката потврдува нешто неверојатно ! Можеш да се опиеш – без воопшто да пиеш алкохол

481

Нова научна студија открива дека кај одредени луѓе, цревните бактерии сами произведуваат алкохол во телото.

Резултатот?

Вистинска пијаност, оштетување на црниот дроб и сериозни социјални проблеми – иако лицето не допрело ни капка алкохол.

Овие луѓе често изгледаат пијани по оброк, но наместо разбирање, добиваат сомнеж и недоверба – дури и од лекарите. Многумина со години се етикетирани како „тајни алкохоличари“, без да добијат точна дијагноза.

Во најголемото истражување досега за т.н. синдром на автоферментација, научниците анализирале примероци од пациенти и нивните здрави партнери. Заклучокот е јасен: проблемот не се габите, туку одредени бактерии во цревата кои произведуваат етанол.

Особено биле застапени бактериите Klebsiella pneumoniae и E. coli, а нивното зголемување директно било поврзано со „епизодите на пијаност“. Во лабораториски услови, тие бактерии произведувале алкохол во количини што одговарале на реалните нивоа во крвта на пациентите.

Кај еден пациент, состојбата драстично се подобрила по трансплантација на столица од здрав донор – и останал без симптоми повеќе од 16 месеци.

Научниците сега го поставуваат големото прашање:

  • Колку луѓе всушност имаат ваков проблем, а не знаат?
  • И колку цревниот микробиом навистина влијае врз нашето здравје?

Поука !

Не секоја „пијаност“ значи алкохол. Понекогаш, виновникот е – стомакот.

Извор: Science Alert