Следат големи промени | Еве што ви носи Младата Месечина во Скорпија!

2335

Скорпијата е знак кој доминира во поголемиот дел од октомври и затоа е толку тежок за сите нас. Особено затоа што Венера е ретроградна во овој длабокоумен и темен знак, постојано се прашувавме дали ќе се извлечеме од оваа дупка во која паднавме и дали нашите романтични врски навистина се осудени на пропаст.

Енергијата на Скорпијата има за задача да нè наведе малку да се задлабочиме, да бидеме реални и да откриеме што се крие во сенките и што нè држи далеку од животот кој сакаме да го живееме.

Младата Месечина е поинаква. Поминавме низ различни фази во последно време, и сите тие биле насочени кон откривање на вистината која се крие длабоко во нас. Потрагата по вистината вроди плод, и сега можеме да застанеме и да продолжиме напред со главата крената нагоре.

Скорпијата има две страни со кои управуваат Марс и Плутон. Енергијата на Марс е агресивна, амбициозна и ги разбудува нашите природни желби. Плутон е планета на божествена енергија, која манифестира вера, а многумина ја сметаат за узурпатор на статус кво. Во моментов, Јупитер, планетата на среќата се поместува во знакот на Стрелец па ќе бидеме способни да планираме однапред, да размислуваме, и всушност да се движиме кон она што сакаме да постигнеме во иднина.

Меѓутоа, поради тоа што Венера, планетата на љубовта е ретроградна до 15 ноември, повеќето од нас ќе се фокусираат на љубовни врски, па оваа Млада Месечина, всушност, означува почеток на ново поглавје во нашите животи. Изминатите неколку недели биле многу тешки за нас. Видовме многу раскинувања, анксиозност, па дури и безнадежни ситуации. Се откажавме од надежта, изгубивме вера и се чувствувавме изгубени.

Наместо да ги уништиме мостовите зад нас, решивме да разговараме со партнерот и да најдеме решение. Време е да станеме помалку битно “јас” и во фокусот да бидеме “ние”. Време е за нови почетоци. Многумина од нас, кои биле сведоци на некој крај или на раскинување, сега ќе бидат подготвени за нов почеток, и тоа на сосема нов начин.