Што може да ја предизвика раната менопауза?

2901

Алкохол

Злоупотребата на алкохол може да доведе до рана менопауза. Алкохолизамот пак е уште поголем ризик фактор за појавата на оваа состојба.

Редовната употреба на алкохол, дури и во умерени количини, може да предизвика сериозни репродуктивни проблеми, болести на панкреасот и црниот дроб. Алкохолот ги намалува јајцевите резерви со тоа што ги убива јајцата пред да се зрели. Така настапува и раната менопауза.

Автоимуни заболувања

При автоимуни заболувања имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените ткива, вклучувајќи ги и јајниците и естрогенска рецептори. Тоа се забележува најчесто кај автоимуни заболувања на сврзното ткиво како лупус, ревматоиден артритис, склеродерма.

Хемотерапија

Хемотерапијата помага за ограничување растот на клетките на ракот, но пречи во други односи на организмот. Изложувањето на хемотерапијата е тешко и има голем број на несакани ефекти.

Еден таков пропратен ефект е намалување на бројот на јајцата. Во тешки случаи хемотерапијата може целосно да ги убие јајце-клетките.

Истражувањата покажуваат дека до 40% од жените на хемотерапија можат да имаат рана менопауза .

Епилепсија

Жените со епилепсија се со поголема веројатност да добијат порана менопауза од останатите. Ова се должи на природата на ова оштетување во одредени мозочни делови. Епилепсијата предизвикува предвремено изумирање на женските полови клетки, што доведува до настанување на рана менопауза.

До овој заклучок достигнаа научници од Универзитетот во Џорџтаун. Жените со епилепсија имаат до 14% поголем ризик од рана менопауза поради честите напади и последиците од нив.