Што може да ја предизвика раната менопауза?

2885

Менопаузата обично настапува околу 50-годишнината од животот на повеќето жени.

Овој опсег може сепак да варира. Кај некои жени се забележува т.н. рана менопауза, која освен што е генетски условена е и под влијание на повеќе фактори.

Пушење

Не само активните, но и пасивните пушачки се склони кон рана менопауза. Ова go покажува студија од 2015 година.

Пушачките имаат зголемен ризик менструалниот циклус да престане порано за до 2 години.

Стрес

Стресот е виновен за лошата здравствена состојба на многу начини. Во тоа спаѓа и раната менопауза.

Истражување на Бостонскиот универзитет утврди дека постојаниот стрес ги прави жените за до 80% поранливи на рано завршување на менструалниот циклус.

Научниците сметаат дека тоа се должи на директната врска помеѓу имуниот систем и стрес, но не се сигурни каков точно е механизмот на кој делува оваа корелација. Стресот е причинител уште на дијабетес, прекумерна тежина, кардиоваскуларни болести.

Диети

Диетите водат со себе повеќе ризици отколку што многу жени мислат. Ако постојано го подложувате телото на тортура во името на слабата фигура, очекувајте хормонални промени, репродуктивни проблеми и рана менопауза.

Односот на нарушувања во исхраната со менопаузата е голема и тоа се докажува од голем број истражувања, од кои едно е направено во Универзитетот Харвард по медицина под водство на Џулија кал Еделман.

Продолжува на страна 2