Шефот на украинското разузнавање ја презеде одговорноста за нападот на полигонот на Крим

615

Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов денеска ја презеде одговорноста за експлозијата на рускиот воен полигон на Крим, територија под руска контрола од 2014 година, јавува „Анадолија“.

„Шефот на разузнавањето Буданов изјави дека детонацијата на складиште за муниција на Крим е резултат на операција на Главната управа за разузнавање и вооружените сили на Украина“, пишува украинскиот весник Страна.

Гувернерот на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека во вторникот вечерта избувнал пожар на воен полигон на истокот на полуостровот Крим.

Тој рече дека во пожарот нема жртви, дека патот Таврида е затворен за сообраќај, а повеќе од 2.200 лица од четири населени места се евакуираат.

Автопатот Таврида го поврзува целиот полуостров Крим и е главната сообраќајна артерија.

Тоа се случи откако две лица загинаа, а едно дете беше тешко повредено во понеделникот во експлозија на мостот Керч, таканаречениот мост Крим, кој ги поврзува Русија и полуостровот Крим.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека стои зад нападот. Украинските власти ниту ги потврдија ниту ги демантираат тврдењата на Русија.