Секој хороскопски знак има свој непријател | Кој е вашиот ?

1436

СТРЕЛЕЦ

Најголем непријател: Бик

На Стрелците им е потребна слобода и нема да дозволат на никој и ништо да ги попречува во животот. Бикот, како земјен знак, претпочита стабилност и може да стане посесивен во однос на Стрелецот, без оглед дали нивната врска е платонска или емотивна.

ЈАРЕЦ

Најголем непријател: Вага

Вагата ужива во друштво и забава, а Јарецот е фокусиран на работата и секогаш е подготвен да работи напорно за да постигне успех во животот. Затоа, овие два хороскопски знака се значително различни. На некои Јарци, луѓето родени во знакот на Вага можат да им делуваат незрели и поради тоа обично најмногу ги нервираат.

ВОДОЛИЈА

Најголем непријател: Јарец

За креативните и иновативните Водолии, Јарецот претставува „смртен“ непријател. Овие два сосема различни знака имаат сосема различни погледи на светот во многу погледи – од финансии (Јареците се штедливи, а Водолијата сака да троши пари) до нивната зрелост. Водолијата не може да ги разбере мисловните процеси на Јарецот. Јареците не можат емотивно да се поврзат со Водолија, поради што овој воздушен знак може да започне да покажува знаци на љубомора, а понекогаш и параноја.

РИБИ

Најголем непријател: Близнаци

Рибите се премногу нежни за бучните и енергични Близнаци. Близнаците ќе се обидат да ги извлечат Рибите од нивната обвивка, поради што овој хороскопски знак може да се чувствува вознемирено и непријатно. Иако има желба да помогне, Рибите ќе го гледаат неговиот гест како напад.