Работи кои невестата не треба да ги прави пред и за време на свадбата

1486

Свадбата треба да биде најубавиот ден во животот на жената. Затоа е важно добро да се подготви.

Се мажиш еднаш и сè мора да биде совршено! Значи, воопшто нема притисок.

Сепак, ти си подготвила сè на време, си внимавала на секоја ситница – од музиката па до украсите на салфетките и сè до распоредот на седење, десертот, пијалоците …

Сите тие подготовки можат да бидат стресни. За да избегнеш дополнителен стрес, кога сè ќе почне на денот X, сепак, само треба да обрнеш внимание на неколку работи – и дефинитивно да ги избегнуваш.

1. Кавга со венчаниот кум

Нервите се напнати, тоа им е јасно на сите. Но, не постои полошо време за расправија со најдобриот пријател / кумот, отколку на својата свадба.

2. Кавгата со младоженецот

Еј, наскоро ќе станете маж и жена! И тоа за целиот ваш живот. Ќе имате доволно време за расправија, нели?

3. Откажување од јадење

Мора неколку недели пред свадбата да си била на строга диета за да венчаницата совршено ти стои. Но, денес е еден долг ден пред тебе, ќе мора да наздравиш со многу луѓе, а за тоа треба да имаш добра “база”. Па јади колку што ти сака срцето!

4. Не јади храната од која се појавуваат дамки!

Значи, шпагети болоњези, тост со мармалад и салата со бучино масло се дефинитивно табу. Истото важи и за пијалоците како црното вино, кафето итн.

5. Носите нови чевли

Не заборавајте барем неколку дена пред свадбата да ги носите чевлите со кои ќе се венчате, за добро да ги “разгазите”. Инаку, нема да ги избегнете пликовите на денот на свадбата. На крајот на краиштата, тесните чевли можат да го расипат твојот најубав ден.

6. Не пијте премногу алкохол!

Никој не сака да гледа пијана невеста. Неколку чаши шампањ за да наздравите се сосема во ред, но ако немаш толеранција кон алкохолот – подобро избегни го. Секако јади доволно и не заборавај да пиеш многу вода!

7. Да го возиш автомобилот

Твојот свадбен ден сигурно не е ден кога треба сама да го возиш автомобилот. Возбудата која те удира сигурно не е најдобриот предуслов за безбедно возење. За тој ден сигурно без проблем ќе пронајдеш возач.

8. Верувај дека на денот на свадбата сè ќе биде совршено

Сакаш да биде сè во ред и си поставила скала на барања многу високо? Различни мали или поголеми неволји речиси се неизбежни. Подобро опушти се и неочекуваните проблеми решавај ги со насмевка и шега. (Тоа единствено не вреди ако младоженецот те остави пред олтарот или фустанот не ти одговара!).

9. Свекрва од кошмарот

И за крај: тоа е ТВОЈОТ ден! Затоа, немој да си дозволиш да ја расипе злобната свекрва!